Како сериозна локална власт и власт посветена на создавањето нова иднина за нашите жители, ветивме и веќе почнавме со подготовка на соодветна документација за изградба на патна инфраструктура во сите рурални средини.

По реализацијата на тековните инфраструктурни проекти продолжуваме со изградба на патна инфраструктура во Костин дол - локален пат од Штабо до Чобанска маала. Се подготвува документација за патишта до Друмалиска маала, до Папуричка маала, Лажовци, Осојанска маала, како и за поврзување на село Костин дол со село Косевица.

За село Косевица, за Паровска маала и за реконструкција на локалниот пат до „Школото“ веќе има подготвено техничка документација. Се работи на подготовка на документација за Караџевска маала, за маала Горанци, за Чутуранска маала, за Чукаревска маала, како и за поврзување на село Косевица со село Моштица.

За село Цера, за „Гребен“ има подготвено документација, а предвидено е да се изработи за локален пат до Стамболии, до Средна маала, до маала Шопје и до Бакалска маала. За поврзување на село Цера со село Саса со асфалтен пат има подготвено техничка документација.

Во село Дулица предвидена е изградба на патишта до Јуковска, Катанска и Ќосевска маала, а во село Моштица изградба на сообраќајна врска помеѓу селото и „Филтер станица“, како и изградба на маалски пат кај „Филтер станица“. Се подготвува документација за локални патишта до Алебачка маала и маала Аџии во село Саса.

Подготвена е техничка документации за локален пат до Ефендиска маала во село Луковица, како и за реконструкција на локалниот пат од село Луковица до село Костиндол. Подготвена е техничка документација и за поврзување на село Луковица со село Тодоровци.

Листата на потребни локални патишта во руралните средини континуирано се проширува и можно е нејзино дополнување, а изградбата на патиштата ќе тече во наредните три години согласно утврдени приоритети. Продолжуваме посветено во создавањето нова иднина!



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2022 01:52