Намален е бројот на жртви во сообраќајни несреќи на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово, соопштија денеска надлежните. Според податоците на СВР Куманово, во 2021 година забележано е намалување бројот на жртви во сообраќајот за 25 проценти споредбено со претходната година.

Во 2020 година на подрачјето на Секторот имало осум жртви во сообраќајни незгоди, во 2021 година, животот во сообраќајни несреќи го загубиле шест лица.

Во првото тримесечје годинава на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Крива Паланка и Кратово нема ниту една жртва при случени сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Куманово во април оваа година, нема регистрирано ниту една жртва при случена несреќа.

– Министерството за внатрешни работи, а со тоа и Секторот за внатрешни работи Куманово, во чија надлежност се и одделенија за внатрешни работи Крива Паланка и Кратово, безбедноста на учесниците во сообраќајот ја третира како приоритетен сегмент во работењето. Како резултат на ваквото работење и преземањето на активностите 2021 e година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а ова беше случај и на подрачје на СВР Куманово, изјави портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Секторот за внатрешни работи им се заблагодарува на граѓаните и сите учесници во сообраќајот кои со своето однесување давле придонес за поголема безбедност.

– Тоа е наша заедничка одговорност и сите заеднички мораме да го подигнеме нивото на сообраќајна култура, а како министерство тоа го правиме секојдневно, како преку превентивните, така и преку репресивните мерки кон прекршителите на сообраќајните правила и прописи, нагласи Младеновска.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2022 11:39