Поради лошите временски услови кои се најавени за викендов, концертот на Дајте музика ќе се одржи на нов датум – 18 јуни, во сабота, на стадион на АРМ во Скопје.

– Безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18 јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на Тиесто. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени „старомаалци“ ќе биде уште поспектакуларен!, соопшти Авалон Продукција.

Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од 26 мај до 2 јуни).

Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ земјава или онлајн на avalon.mk.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2022 02:21