Најпрво очекувавме извинување од Џафери, тоа е некој човечки етички и морален момент, но после денешната неговата изјава гледаме дека нема намера тоа да го направи. Она што во целата ситуација мене ми е фрапантно денеска е неговата изјава дека не ги пцуел вработените, туку нивниот однос кон работата, вели Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Ваша страна на телевизија Телма.

Петрушевски смета дека најмалку што може да направи собранискиот спикер Џафери е да си поднесе оставка, укажувајќи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела иницијатива за свикување на мандатно деловничко имунитетни прашања на која што ќе се спроведе Етичкиот кодекс и Џафери соодветно ќе биде казнет.

Најмалку што може да направи Џафери е да си поднесе оставка. Ние поднесовме иницијатива за свикување на комисија за мандатно деловничко имунитетни прашања која што има надлежност за спроведување на Етничкиот кодекс, за кој и Џафери сам се фалеше дека е донесен. И согласно по тој кодекс да се закаже седница да ги изнесеме нашите сведоштва кои што ги видовме, впрочем најавивме дека и четворица пратеници ќе сведочат и да ја доставиме снимката, рече тој.

Она што исто така е дека никој не го снимал Талат Џафери од службата, пратениците, туку ова одеше на собраниски канал, посочи Петрушевски.

Во однос на законите во собранието, Петрушевски додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не може да го поддржи законот за сметководствени работи бидејќи самата Комора на сметководители посочила дека истиот е штетен и катастрофален, исто како и законот за игри на среќа кои што сакаат во време на криза да воведат нова видео лотарија.

Се отвори расправа за законот за сметководствени работи каде што Комората на сметководители јавно пред собрание имаше прес и кажа дека е штетен, катастрофален и врска нема со европско право. Тоа е законот и сега ние како ВМРО-ДПМНЕ треба да го откочиме тој закон да им го гласаме, да не го слушаме народот и фелата која реагира за тие да бидат задоволни. Или законот за игри на среќа со кој што воведуваат нови видео лотарии во време на како што велат тие најголема криза. Се слагам дека има финансиска криза, но зарем со повеќе коцкање ќе се справиме со тоа. Па кога не им успева тоа воведуваат автентично толкување закон, нагласи тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2022 03:20