Ако добро си ја познаваме историјата, никој нема да се осмелува да ја преработува да ги краде бугарските историски страници, да се обидува да ги доведе во заблуда нашите меѓународни партнери. Никој нема право да ни ја брише националната меморија, рече потпретседателката Илијана Јотова, на церемонијата на врачување награди на победниците во Националниот конкурс за ученици „Корените на моите претци од Македонија и Одринска Тракија“, соопштија од прес-секретаријатот на шефот на државата.

Потпретседателката Јотова ја истакна важноста на натпреварот во контекст на нерешените прашања меѓу Бугарија и Република Македонија.

„Ние сè уште имаме незавршена работа, треба да изградиме поамбициозно бугарско лоби на меѓународната сцена“, рече Јотова.

Таа го повтори цврстиот и консензуален став на Бугарија

- Бугарија ќе го укине ветото за почеток на преговори за членство во ЕУ на Македонија само кога ќе добие јасни гаранции за почитување на правата на Македонските Бугари.

Илијана Јотова истакна дека во Бугарија не се знае доволно за борбите за слобода и независност на Бугарите во Одринска Тракија и Македонија.

„Треба да научиме повеќе за нив на училиште, да им кажеме повеќе на нашите деца“, рече Јотова.

Јотова потсети на старата максима дека оние кои не знаат историја не можат да градат иднина.

„Нација без минато е како дрво без корени - нема од каде да црпи живот за да расте и да оди напред“, рече таа.

Според потпретседателката, на овој тип на натпревари учесниците не само што учат историски факти, туку и учат да припаѓаат на семејство и татковина. Во натпреварот учествуваа ученици во две возрасни групи од цела Бугарија со пишани текстови - есеј, документарен филм, интервју.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2022 03:20