Во првиот натпревар од финалето за пласман во Првата италијанската фудбалска лига Монца на домашен терен ја совлада Пиза со 2-1 (1-0).

Монца имаше предност од 2-0 благодарение на головите на Моти (девета минута) и Гуткјаер (74) се до третата минута од судиското продолжение кога Бера (90+3) биеше прецизно и ја преполови негативата на Пиза пред реваншот на домашен терен в недела.

Монца никогаш во клупската историја не била дел од италијанската Серија А, додека Пиза ќе се обиде да се врати во прволигашкото друштво првпат по 1991 година.

Пласман во Серија А претходно изборија Лече и Кремонезе, додека прволигашкиот статус го загубија Венеција, Џенова и Каљари.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2022 11:12