Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, в понеделник ќе го посети Белград каде ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вархеји ќе го посети и градилиштето на новата зграда на Универзитетската детска клиника во Белград, објавено е на веб-страницата на Европската комисија, jави Бета. Изградбата и опремувањето на таа клиника е делумно финансирано од грант од ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2022 16:04