Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска по осми пат ќе го организира Националниот квалификациски натпревар по кинески јазик „Кинески мост“.

Ученици и студенти од Институтот „Конфуциј“ на натпреварот за 2022 година ќе го покажат своето познавање на кинескиот јазик и уметности.

Натпреварувачите ќе бидат поделени во три категории – возрасни и студенти, средно и основно образование и ќе ги покажат познавањата од говор на кинески јазик на темите: „Еден свет, едно семејство“, „Летај високо со кинескиот јазик“ и „Весел кинески, весело детство“, проследено со изведба на дело од класичните или современите кинески музички и ликовни уметности.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2022 15:40