Драмското студио „Миладин“ од Струга, вечер во 20 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга премиерно ќе ја изведе детската претстава „Хајди“.

Претставата е по драматизација и во режија на Ристе Миладинов, долгогодишен струшки режисер и актер и директен потомок на браќата Миладиновци, а претставата е во изведба на помладата група на драмското студио „Миладин“.

Улогите ги толкуваат: Хајди – Матеја Миладинова, Дедото – Милан Блажески, Дета – Дафина Дејкоска, Мина – Адријана Клечкароска, Петре – Христо Дејкоски, Бабата – Бранкица Петковска, Клара – Емилија Спасеска, Таткото – Даниел Спироски, Гувернантата – Михаела Касниоска, Силва – Анастасија Дејкоска и Нараторот – Даниел Шикоски



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2022 15:40