Ја користам оваа можност да зборувам за една тема која што можеби во периодот кој што следи ќе биде актуелна и директно ќе влијае на стандардот на граѓаните, а тоа е веќе од страна на власта капитулацијата пред енергетската криза и ударот повторно врз џебот на граѓаните и врз стандардот на граѓаните, со тоа што од 1 јули граѓаните ги очекува нов ценовен шок, со тоа што покрај досегашните 30% поголема цена за струја од доаѓањето на Владата на СДСМ, од 1 јули ќе имаме за жал минимум 10 процентно зголемување за сметките за струја кај граѓаните, велам минимум затоа што таа бројка сигурен сум дека ќе претрпи измени, дека ќе биде повисока.

Тоа што сега го чувствуваат граѓаните, индустријата, веќе тоа го чувствува од минатата година и тоа за три пати поголеми сметки доби, споредено со сметките кои што ги имаше во минатото.

И тоа навистина претставува еден шокантен став на Владата бидејќи таа на отворена сцена капитулираше пред енергетската криза, за нешто за коешто ВМРО-ДПМНЕ пред година и половина предупредуваше за време на брифинзите, но и за време на прес конференциите, дека доколку не дојде до преструктуирање и доколку не дојде до стопирање на тендерите во четири очи и крадењето денес на ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, за жал сметката на крајот на денот ќе ја платат граѓаните.

И денеска тоа го најавуваат владините министри, тоа го најавува и претседателот на Регулаторната комисија кој што вчера во изјава тоа го кажа. И нормално како што секогаш тоа го прават од страна на СДСМ така и овој пат се служат со лаги и невистини обвинувајќи ги општините во Македонија.

А каква е реалноста? Реалноста за повисоките сметки, не произведувањето на електрична енергија во ЕСМ сегашно, поранешно ЕЛЕМ ја прикажам низ три фотографии. Еве ова е состојбата почитувани медиуми во РЕК Битола од вчера, гледате како овие енергетски и рударски машини кои што треба да копаат јаглен, тоа се багерите и транспортните траки, практично се поплавени со вода. Сигурно ќе го поставите прашањето, зошто се поплавени со вода? Затоа што навреме не се подготвени јамите и затоа што на време не е направено одводнувањето, затоа треба знаење, затоа треба проект и нормално затоа треба некој да има вештини. Но, за жал на нив приоритет им се тендерите во четири очи и пљачката на отворена сцена на грбот на граѓаните, наместо да работат во РЕК Битола. е ова е ситуацијата во РЕК Битола во овој момент, удавени рударски машини и транспортни траки кои што наместо да копаат јаглен, ние денска треба да увезуваме електрична скапа енергија. тоа е првата работа зошто цената на електричната енергија ќе поскапи.

Втората работа која што исто така сакам да зборувам со факти е следнава. Имено јавното осветлување, почитувани, го плаќате вие, граѓаните и тоа го плаќате по цена од 7,35 денари за киловат час или ако тоа го претвориме во евра или мегават часови тоа ќе дојде од 120 евра за мегават час, што значи дека цената која што ја плаќаат граѓаните е три пати помала од онаа која што истите тие граѓани ја плаќаат за јавното осветлување кое што потоа го користат општините за да имаме светли улици, а не како што во некои општини во Македонија имаме за жал во моментот темни улици.

Но, главната и суштинска причина зошто го споменувам уличното осветлување бидејќи вчера беше лиферуван податок кој што вели општините преку уличното осветлување потрошиле 30 милиони денари.

Ова е извадок од извештајот на Регулаторната комисија за енергетика за 2021 година, уличното осветлување вкупно потрошило 90 гигават часови електрична енергија или тоа во проценти е 1,32 проценти од вкупно потрошената електрична енергија или како што граѓаните ја нарекуваат струја. Математички е невозможно да поскапи цената на струјата 10 проценти ако само уделот на јавното осветлување е десеткратно помал од тоа што напамет за жал го зборуваат овие кои што на дневна основа ги договараат во четири очи тендерите на грбот кон народот.

И конечно каде се парите? Многу едноставно ќе ви биде јасно каде се парите, од истиот тој извештај на Регулаторната комисија за енергетика за 2021 година овој извадок можете да забележите дека во 2021 година произведени се вкупно од страна на ЕЛЕМ 3,17 терават часови електрична енергија а само две години претходно во 2019тата година произведени се 4,25 терават часови електрична енергија од страна на ЕЛЕМ. Што значи дека за една година повеќе од 1терават час електрична енергија ЕЛЕМ наместо да произведува, тие кои што го водат за жал приоритет им се да склучат договори во четири очи на тој начин да го крадат ЕЛЕМ, а на крај сметката за жал ќе ја платат граѓаните.

Колку значи повеќе еден терават час електрична енергија да биде поедноставно во пари, тоа е еден милион мегават часови или ако се земе просечната увозна цена денеска на берзите 250 евра, зборуваме за 250 милиони евра.

Значи не зборуваме за 250 денари, не зборуваме за 2500 денари, зборуваме за 250 милиони евра, за само две години помало производство. Ете затоа граѓаните плаќаат во овие пет години 30 проценти поскапа електрична енергија и затоа ќе плаќаат граѓаните од први јули минимум 10 проценти повисоки сметки за електрична енергија. Ќе повторам индустријата веќе три пати има поголеми сметки од тие што ги имаше минатата година.

Затоа ги повикувам сите револтирани граѓани, сите оние кои што не се задоволни од ова водење на државата од страна на СДСМ и ДУИ да ни се придружат на настанот кој што ќе биде сенароден на 18ти јуни овде во Скопје пред платото на Владата, за деталите во деновите кои што следат.

Ве молам придружете се да ставиме крај на оваа расипничко и криминално владеење преку организирање на предвремени парламентарни избори на начин на кој што ќе дојде влада која што ќе ја избере народ, која што ќе работи чесно, посветено, а не криминално и мрзливо како што работи оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ.

Интегрален текст од изјава за медиуми, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2022 16:03