Во 2021 година, во земјава биле организирани 454 ликовни изложби, што е за 44.6 % повеќе во споредба со 2020-та. Во истиот период, за 25 % е зголемен бројот на ликовните уметници учесници на изложбите, а за 163.4 % бројот на посетителите на ликовните изложби.

Во 2021 година се организирани 19 ликовни колонии, а бројот на учесниците е намален за 18.2 % во споредба со 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2022 02:22