Невреме со грмотевици го погоди северозападниот дел на Хрватска, а дуваше силен ветер и паѓаше пороен дожд, јавија утринава хрватските медиуми.

На подрачјето на Бјеловар и Копривница, пожарникарите синоќа имаа технички интервенции за отстранување на дрвја и гранки од сообраќајниците, а имаше и повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија, пренесува Хина.

Во Копривница и околината пожарникарите цела ноќ беа на терен и ги отстрануваа последиците од невремето. Бидејќи ветрот скрши многу дрвја, дел од патиштата беа привремено непроодни.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2022 02:22