На Стадионот на Армијата под името „Ајде да летаме – GREATEST HITS“ Каролина Гочева на 1 јули првпат ќе одржи концерт на отворено во Скопје.

– Концертот ќе биде со сериозна, светска продукција, светло и звук – какви што доликуваат на голем и грандиозен концерт на Каролина Гочева. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 8 јуни на avalon.mk и ширум нашата продажна мрежа, по следните цени и категории, информираат од Авалон Продукција.

Партер влезниците ќе бидат по цена од 700 денари, фан пит влезниците ќе чинат 990 денари, а ВИП влезниците 1 500 денари.

Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, од Авалон додаваат дека присутните ќе имаат можност да ги слушнат хитовите „Хипокрит“, „За нас“, „Капка под небото“, „Не се враќаш“, „Се лажам себе“ и уште многу други хитови што ја одбележаа 30 годишната кариера на Каролина.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2022 12:49