Актуелниот чувар на мрежата на Вардар Борко Ристовски во емисијата „Ферплеј со Јана“ на телевизија Телма првпат зборува за причините што повеќе не ја брани мрежата во ракометната репрезентација.

Јас сум тргнат од репрезентацијата политички, по наредба на икс висок човек. Сите тие пресметани ризици ги знаев и пред да застанам јавно на една политичка страна. Не очекував дека ќе биде толку радикално против мене, но јас сум човек кој е независен од никого и апсолутно ослободен од сите стеги на општеството и финансиски и човечки и карактерно. Во иднина ќе бидам уште порадикален и јас, затоа што треба да се направат промени во спортот. Да им се даде шанса на млади деца, а не да се користи спортот за политички цели. Јас тоа нема шанси да го толерирам, не толерирам неправди, така што тие се некои две-три работи кои ме испровоцираа да застанам и да заземам страна, зашто верувајте дека во Македонија спортот не ни оди во добра линија, изјави Борко Ристовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2022 06:27