Во Станица Карпош вечер од 20 часот ќе се одржи концерт на отворено на кој ќе настапи македонскиот шоумен Игор Џамбазов.

Како што информираат организаторите, „Под ѕвездите“ на оваа јунска вечер, публиката ќе има можност да ужива во хитовите кои што со години наназад се дел од најголемите музички случувања кај нас, како и во анегдотите и приказните кои што Џамбазов ги носи со себе.

Освен Игор Џамбазов, овој настан ќе го збогати и рок репертоарот на Бени Нон Стоп, но и стенд ап настапот на македонската актерка Весна Бејби Петрушевска.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2022 15:31