Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го објави најдобриот состав во Лигата на шампиони за сезоната, што официјално ќе биде комплетирана в недела со финалето во Келн.

Ол стар тимот вклучува седум ракометари, како и најдобар одбранбен играч, најдобар млад играч и тренер на сезоната.

Најдобар голман за сезоната 2021/22 е Данецот Никлас Ландин (Кил), лево крило – Швеѓанецот Хампус Ване (Фленсбург), лев бек – Србинот Петар Ненадиќ (Веспрем), централен бек – Французинот Дика Мем (Барселона), десно крило – Шпанецот Алекс Гомез (Барселона), а за најдобар кружен напаѓач е избран Полјакот, Камил Шипжак од ПСЖ.

Фајналфор турнирот во Келн стартува со двата полуфинални натпревари в сабота меѓу Кил – Барселона и Веспрем – Келце.

Финалето и натпреварот за третото место се закажани за в недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2022 05:34