Екипите на Келце од Полска и Барселона од Шпанија ќе играат во финалето на Лигата на шампионите на ЕХФ.

Ова е епилогот по двете полуфинални средби одиграни во текот на денешниот ден.

Најпрвин Келце по голема борба го совлада унгарски Веспрем со 37:35, иако на полувреме унгарскиот тим водеше со 18:16. За Келце ова ќе биде втора шанса да дојде до шампионскиот трофеј во елитното натпреварување, по триумфот во 2016 година.

Барселона до своето 16 финале се избори со вечерашната победа над германски Кил со 34:30 (полувреме 19:18).

Каталонскиот ракометен великан ќе има шанса да стане првиот тим во историјата што успеал да го одбрани европс иот ракометен трон.

Финалето е закажано за утре од 18 часот. Претходно на завршниот трунир во Келн е дуелот за третото место меѓу Веспрем и Кил.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2022 00:38