Хрватскиот ракометар Лука Циндриќ кој со Вардар ја освои Лигата на шампионите, вчеравечер уште еднаш стигна до европскиот трон, овој пат со Барселона.

Каталонците во финалето на завршниот турнир во Келн го победија полски Келце со 37:35 по изведување пенали. Резултатот по основните 60 и дополнителните десет минути беше нерешен 28:28, па 32:32.

– Горд сум на целиот тим. Испишавме историја. Долго ја чекавме нашата шанса и ја дочекавме по изведувањето на пеналите. Одигравме финале во кое секој можеше да ужива, изјави Циндриќ.

Барселона е првата екипа која успеала да го одбрани трофејот во Лигата на шампионите. Шпанскиот ракометен великан има вкупно 11 трофеи европски првак.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2022 09:57