Често слушаме дека секојдневното мерење на килажата е безпотребно, но многу од нас не можат да одолеат, а секое утро да не се измерат на вагата. Меѓу бројните фактори кои влијаат на телесната тежина е и задржувањето на водата, складирањето на гликогенот и промената на мускулната маса. Дневната осцилација на тежината е нормална и не претставува индикатор за успех или неуспех на диетата, ниту промена во содржината на мастите.

Насата телесна тежина во текот на еден ден може да варира и до два и пол килограми, а за тие варијации најзаслужни се телесните функции како што се внесувањето на храна и течности, потењето и одењето во тоалет. Телесната тежина на жените се состои од 52 до 55 отсто вода, а кај мажите тој процент изнесува 60.

Токму поради тоа жените би требало дневно да внесуваат до девет чаши вода, а мажите 13, бидејќи мора да се одржува биланс кога се работи за тоа од што нашиот организам најмногу зависи.

Секојдневните варијации на тежината се нормална работа, земајќи го предвид дека во текот на денот внесуваме храна и течности, но и ги исфрлуваме.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2022 05:13