Добрите момчиња се помалку популарни од лошите, но секоја жена се надева дека ќе ја пронајде совршената комбинација.Лошите момчиња знаат да глумат дека се добри, но еве некои изјави кои ги откриваат:

Не сум за статус

Статусот во врската е сериозна работа за нив, па затоа многумина од нив ќе кажат зошто врската воопшо да се именува? Во превод значи дека нема да те нарекувам своја девојка, бидејќи ако запознаам некоја друга која ми се допаѓа, тоа би значело дека те изневерувам.

Не сум спремен за врска

Моментно тој едноставно не е подготвен за врска, но нема ништо против сексот. Поранешната го разочарала и моментно мисли дека има простор да биде сам, но не потполно.Со чест на исклучоците, ама најголем дел од мажите кои не се подготвени за врска, едноставно не се.

Ти си предобра за мене

Ова во превод значи „извини ама морам да те шутнам“. Ова е типичен потег на лошо момче кое сака да излезе добро. Оваа приказна веќе не ја прифаќаат ниту девојчиња од основно училиште.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2022 05:13