Вториот дел од експресниот пат од Крупиште до Кочани се очекува да биде пуштен за сообраќај оваа есен, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по денешното пуштање на крстосницата во Штип.

Забележа дека оваа делница се гради, а насоките до надзорниот инженер и до сите учесници во изградбата е да бидат крајно внимателни.

-Околните ниви и површини кои се наоѓаат лево и десно на самиот пат и да не направиме штета на земјоделските површини и заради тоа крајно винателно се водат градежните работи. Конкретно ќе ги разгледаме сите прашања и проблеми, коишто досега сме ги разгледале и доколку има можност секако ќе реагираме, за да направиме уште еденм исчекор кон подобрување на инфраструктурата, но мора да знаеме и дека се работи за експресен брз пат, којшто е замена за стариот пат, вели Бочварски.

Пред една недела жителите на неколку села во кочанско протестираа и бараа да се адаптира атмосферскиот канал преку кој ќе поминуваат трактори и комабјни.

Што се однесува за водоводната мрежа во штипската населба Каваклија е изградена, но се уште не е пуштена во употреба, поради тоа што Општина Штип има обврска да изгради резервоар за вода во овој дел на регионот, одговори Бочварски на новинарско прашање зошто има застој во овој проект.

-Таму проектот е во финална фаза и се очекуваат детали од страна на изведувачот, во делот на електриката на тој објект, а потоа ќе биде пуштен во употреба, за комплетно решавање на сите проблеми со покачувањето на притисокот на вода со приклучување на системот на ХС Злетовица, сега водоводна линија имаме, но треба да се изгради еден резервоар, што го презеде Општина Штип, вели Бочварски.

Очекува локалната власт да го реализира наскоро и жителите во овој дела на Штип да се приклучат на новата водоводна мрежа, која се изгради со средства од Министерството за транспорт и врски.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2022 11:26