Ѕвездата која има издадено низа платинести албуми во својата кариера, Аланис Морисет првпат ќе свири на „Фрст дајрект арена“ во Лидс, Англија, како дел од турнејата, по повод 25 години од објавувањето на нејзиниот „Jagged Little Pill“ – еден од најпродаваните албуми во 90-тите.

Најавено е и дека пејачката ќе му оддаде почит на тапанарот Тејлор Хокинс, кој почина на почетокот на годинава. Виртуозот на тапани свиреше во нејзиниот бенд пред да ѝ се приклучи на панк-рок групата „Фу Фајтерс“.

Според официјалната страница на настанот, на канадско-американската пејачка вечерва ќе ѝ се придружи и специјалната гостинка Бет Ортон.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2022 09:49