Стан со површина од 24,70 квадратни метри што се наоѓа на приземје во станбена зграда во градот Крк, на истоимениот остров кај Хрватска, се продава со мебелот кој сега е во станот. Цената е 75.000 евра.
Во огласот стои дека местото се состои само од спална соба, кујна и бања и пристап до балкон. Исто така, станот располага со склад под балконот и двор со паркинг-простор. Огласот привлече големо внимание, пред сѐ, поради уреденоста и, според многумина – високата цена…
„Би доплатила 5.000 евра само да го нема мебелот“, „Веројатно поради телевизијата, цената е толку висока“, „Бев изненаден од цената – за олку малку квадратни метри“, „За тие пари треба да има и море“ – се само дел од стотиците коментари.
Инаку, растојанието од станот до морето е 550 метри.