Денеска од гостувањето на Директорот на ЈП Улици и патишта Скопје, Борис Настов во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ во Сител Телевизија говореше за координација на работата и можните проблеми со кои се соочуваат работниците при извршување на работните активности во неповолните временски услови.

Тој истакна дека денес завршува реконструкцијата на пешачките патеки на улицата Љубљанска која ги спојува булеварите Илинден со Партизански Одреди, како и кои се работните позиции кои работниците ги изведуваат при реконструирање на пешачките патеки.

Организирани сме во неколку групи од раководители и одговорни лица на екипите на терен, како што се градежни одговорни лица, сектор сообраќај за одржување на светлосната и вертикална и хоризонтална сигнализација, како и надлежните служби од Град Скопје и со нивни налог за работа, како и со постојана комуникација се координираме со активностите и постојано сме на располагање во согласност со капацитети од механизација со која располагаме и успеваме да излеземе во пресрет на потребите и барањата кои граѓаните ги посочуваат. Моментално покрај другите тековни активности, работиме и на изградба на бетонски жардињери за средишно зеленило на булеварот Трета Македонска Бригада, како и на изградба на пристапна рампа за инвалидизирани лица на пешачкиот мост и токму поради тоа апелираме до граѓаните за поголемо трпение во сообраќајот во моментите кога работниците ги изведуваат работите на терен“- истакна Настов. Исто така тој посочи дека како што се одвива обележувањето на хоризонталната сигнализација во вечерните часови, така се стремиме и работата на поголемите објекти да ја пренасочиме да се изведува навечер.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2022 14:29