Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, дал конкретни упатства во врска со тревникот на клупскиот тренинг-центар, пишува „Дејли Мирор“.

Утре (27 јуни), Јунајтед ќе ги започне предсезонските тренинзи. Најпрво од одморот се враќаат играчи кои не играа за своите репрезентации на почетокот на месецот.

Пред првиот состанок со играчите, Тен Хаг побара од персоналот на базата „Карингтон“ да ја исечат тревата на терените за тренинзи на точно 15 милиметри.

Холандскиот специјалист е убеден дека тревниот терен со таква висина ќе им помогне на играчите да ги подобрат своите вештини за додавање и брзина.

За време на неговите први тренинзи, Тен Хаг ќе се фокусира на вежби со топка.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2022 04:10