Народниот правобранител Насер Зибери и претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски денеска ќе одржат работна средба на којашто е предвидено да биде потпишан Меморандум за соработка.

На средбата ќе бидат презентирани наодите на Народниот правобранител за Национален превентивен механизам во поглед на користењето на правото на адвокат во полициските станици, како и искуството и предизвиците со коишто се соочуваат адвокатите при застапувањето на клиентите во полициската постапка, соопштија од Канцеларијата на Омбудсманот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2022 08:35