Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – касарна „Гоце Делчев“ во Скопје, денеска ќе се одржи свечено доделување на уверенија по повод завршување на шестмесечниот курс за стручно оспособување офицери за службите на Армијата и промоција во чин поручник.

Како што информираат од Министерството за одбрана, на свеченоста која започнува од 12 часот ќе присуствува и ќе се обрати министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Уверенијата, наведуваат, се резултат на конкурсот за запишување на кандидати со завршен прв циклус на студии по машинство, електротехника, компјутерска техника и информатика, архитектура, урбанизам и планирање, градежништво и водостопанство, медицински науки и здравство – општа медицина, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија, сообраќај и транспорт, ветерина, психологија, економски науки или правни науки за стручно оспособување и усовршување за потребите на министерството и Армијата кој бил објавен минатата година.

– Дваесет и девет кандидати кои ги поминаа сите потребни квалификации поминаа шестмесечна обука и се стекнуваат со чин поручник и ќе стапат во служба на Армијата на Република Македонија, стои во соопштението од Министерството за одбрана.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2022 08:50