Играчот од средниот ред на Рома, Николо Ѕаноло размислува за преселба во Јувентус. Клубовите веќе разговарале за можниот трансфер на играчот, објави „Goal“.

„Бјанконерите“ се подготвени да вклучат еден од своите играчи во зделката. Доколку ова не им одговара на римјаните, торинците ќе понудат да го изнајмат 22-годишниот Италијанец со обврска за купување.

Ѕаноло минатата сезона постигна осум гола и оствари девет асистенции на 42 натпревари за Рома во сите натпреварувања.

Договорот на играчот од средниот ред со римскиот клуб е до 30 јуни 2024 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2022 15:15