Градоначалникот на Тетово Биљал Касами од улицата „Љуботенска“ во градот најави дека ќе се асфалтираат сите оштетени коловозни ленти на сообраќајници во Тетово.

Според него, освен асфалтирање, на улиците ќе биде поставена канализациска мрежа, јавно осветлување, пополнување на дупките и нивелирање на шахтите.

–Од денеска почна пополнување дупки на сите улици. Нема да има започнати и недоворшени работи. Договорената фирма ќе работи и преку ноќ за да не го попречува слободано движење низ градот. Освен на улица „Љуботенска“, ќе се работи на и на „Илинденска“, ул.167“, „ул.163, „ул.109“, „ул.108“, „ул.146“, булевар „Видое Смилевски-Бато“, „Браќа Миладинови“, „Александар Здравкоски“ , „Солунски атентатори“, „Димо Гавровски-Кара„ и „Методија Андонов-Ченто“. Ќе следуваат и многу други улици, како улицата од Пошта до стадион, од Сааат-кула до Горна чаршија, улицата „Никола Тесла“ од Пошта до „Тетовчанка“, изјави Касами.

Според него, овие работи ќе се изведуваат и покрај тешката финансиска состојба што ја затекнале во општината и големите долгови.

-Имаме ограничен буџет со кој функционираме во моментов, успеавме да реализираме низа капитални проекти за само седум месеци. Улица „Сами Фрашери“ е целосна асфалтирана, граѓаните се сведоци, друга улица е асфалтирање е „Јане Сандански и „Димо Гавровски-Кара“. Интензивно се работи на улица „Страшо Пинџур“ каде веќе е поставена канализациска мрежа, ново осветлување и тротоари, рече Касами.

За пробивањето на булевар „Благоја Тоска“, градоначалникот информираше дека се соочиле со многу опструкции, но не прецизираше какви. Од потешкотии при работа рече дека имало потреба од дислокација на цевка за вода и слични интервенции.

На 21 декември 2021, кога почна пополнување дупки на улицата „Браќа Миладинови“, Касами најави дека согласно годишната програма за 2022 е предвидено целосно санирање на такви улици



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2022 03:36