Фудбалерот на Манчестер сити, Габриел Жезус, ќе потпише петгодишен договор со Арсенал, а лондонскиот клуб за трансферот ќе издвои 50 милиони евра, јавија денеска британските медиуми.

Според истите извори, важна улога во неговиот трансфер во Арсенал имале техничкиот директор на „топчиите“, Еду, и менаџерот на лондонскиот прволигаш Микел Артета.

Бразилецот Жезус (25) минатата сезона одигра 28 натпревари во Премиер лигата на кои постигна осум голови.

Во Манчестер сити дојде од редовите на Палмеирас во 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2022 04:33