Земјоделците денеска со трактори ги блокираа автопатиштата во Холандија во знак на протест против владиниот план за намалување на емисијата на гасови, што пред сè ќе го погоди земјоделскиот сектор во таа земја.Властите ги советуваа возачите да бидат внимателни во сообраќајот поради протестот. Блокирани се најмалку три автопати.

Холандската владејачка коалиција е посветена на намалување на емисиите на азотни оксиди и амонијак од 70 до 95 отсто на места кои се блиску до заштитени природни подрачја.

Одвоени се 24,3 милијарди евра за финансирање на транзицијата, што веројатно ќе бара многу фармери драстично да го намалат бројот на добиток.

Земјоделството е клучен сектор во холандската економија, со извоз од речиси 105 милијарди евра минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2022 04:33