По победата над Грција со убедливи 39:21 синоќа во почетната рунда на Медитеранските игри, македонската ракометна репрезентација вечер од 19 часот се среќава со домаќинот Алжир во второто коло.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров со евентуална победа над домаќинот на Игрите ќе направат голем исчекор кон пласман на едно од првите две места кои обезбедуваат полуфинале.

На другиот меч од 1.коло, Алжир вчера ја победи Турциај со 32:27.

Слободна беше селекцијата на Шпанија.

Вечер во вториот меч од 2.коло во Б-групата, Шпанија ќе се соочи со Турција. Слободна во ова коло е Грција.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2022 09:37