Мери Мара, глумицата можеби најпозната по улогите во ТВ-сериите „Закон и ред“, „Реј Донован“ и „Њујоршка полиција“, почина на 61-годишна возраст.
– Мери беше една од најдобрите актерки што некогаш сум ги запознал. Се сеќавам дека ја видов на сцената во Бродвеј во 1992 година. Таа беше „струја“, а и духовита и прекрасна личност. Сите ја сакаа. Ќе ни недостасува, рече нејзиниот менаџер Крејг Дорфман.
Според њујоршката полиција, во неделата нешто по 8 часот наутро во градот Кејп Винсент, Њујорк, САД, каде што и живеела, добиле повик за можно давење. Откако полицијата и брзата помош пристигнале на местото на несреќата, го пронашле безживотното тело во реката Сент Лоренс.
„Телото на Мери беше пронајдено утрово во нејзината најсакана река. Таа се удавила при пливање“, изјави нејзиниот претставник.
Допрва треба да се изврши обдукција за да се утврдат официјалните причини за смртта. Глумицата зад себе ги остави поранешниот сопруг и полуќерка. Мери Мара инаку е позната и по сериите „Итна служба“, „Криминални умови“, „Неш Бриџис“, „Западно крило“, „Изгубени“, „Ѕвездени патеки: Ентерпрајз“ и 70-ина други улоги.