За туристичката кампања и барањето Турција да го регистрира бренд името „Turkaegean“ (Турски Егеј) во надлежните служби на Европската Унија, Грција подготвува соодветна правна реакција, според владиниот портпарол и министерот за туризам, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому во интервјуто за телевизијата „Скај“ објасни дека не станува збор за признавање на конкретното трговско име од Европската Унија, туку е одлука на приватна канцеларија во Мадрид и истакна дека сепак Грција ќе реагира, додавајќи дека САД не го прифатиле и не го признале конкретниот термин.

Министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас, говорејќи за „ЕРТ“ објасни дека ќе покренат правна процедура.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2022 15:55