Американските здравствени власти вчера донесоа одлука да ги прошират групите на кои им се препорачува да се вакцинираат против вирусот на мајмунски сипаници.

Тие посочуваат дека ќе обезбедат повеќе вакцини против мајмунски сипаници, ќе работат на проширување на тестирањето и ќе преземат други чекори за спречување на епидемија.

Здравствените власти на САД соопштија дека веднаш ќе дистрибуираат 56.000 дози вакцина против мајмунски сипаници, пет пати повеќе од досега дистрибуираните, во областите каде што е висок степенот на ширење на оваа инфекција.

Наведено е дека групата луѓе на кои им се препорачува да се вакцинираат се проширува за да вклучи лица кои може сами да утврдат дека е можно да се заразени, рече Рошел Валенски, директор на Американскиот центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ).

Ова се однесува, како што е наведено, за мажи кои имале сексуални односи со други мажи и тие, пак, неодамна имале повеќе сексуални партнери на места каде што е познато присуството на мајмунски сипаници или во област каде што болеста се шири.

Од почетокот на мај во светот се пријавени околу 4.700 случаи на мајмунски сипаници, од кои 306 во САД, а досега нема смртни случаи, изјави Рошел Валенски.

Владата на САД досега дистрибуираше повеќе од 10.000 дози, а вчера дистрибуираше дополнителни 60.000 дози од вакцината Џинеос (Jynneos), изјави претставник на Министерството за здравство. Оваа вакцина се дава во две дози.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2022 14:22