Премиерката Ана Брнабиќ денеска по средбата со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ изјави дека се надева оти по неговата посета на Белград односите меѓу двете земји ќе бидат ресетирани и дека Србија и Црна Гора ќе влезат во ера на многу добри и најдобри можни односи, јави дописиникот на МИА од Белград.

-Посетата ни е многу важна, се надевам дека со оваа посета ќе успееме да го постигнеме она што знам дека го посакуваме како премиери, а тоа е да ги ресетираме односите меѓу Србија и Црна Гора и да влеземе во ера на навистина добри и најдобри можни односи, истакна Брнабиќ на прес-конференцијата со Абазовиќ.

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазови изјави дека му претставува голема чест што неговата прва посета на регионот е во Белград.

-Тука сме да свртиме нов лист и да ги подигнеме нашите политички и севкупни односи на највисоко ниво, рече Абазовиќ

На средбите како што истакнаа Брнабиќ и Абазовиќ се разговарало за сите отврени теми што ги имаат двете држави, како што се потпишувањето на Темелниот дооговор меѓу Црна Гора и СПЦ, прашањето за размена на амбасдори во Белград и Подгорица, кое според Брнабиќ, „наскоро ќе биде решено” и екстрадицијата на поранешниот претседател на државната заедница на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ на Црна Гора.

На средбта е разговарано и за воспоставување на платен промет меѓу двете земји, енергетиката, инфраструктурното поврзување, а Брнабиќ денеска го повика Абазовиќ Црна Гора да се приклучи на иницијативата Отворен Балкан.

-Сакам да му се заблагодарам на Абазовиќ што со чисто срце пристапи да ги види придобивките од иницијативата на Отврен Балкан и што беше на средбата во Охрид. Се понудив да ги дадам сите информации за таа иницијатива и калкулациите што ги имаме за придобивките што ги носи ОБ на наши граѓани, со молба и покана уште денеска да се приклучат на иницијативата на ОБ, рече Брнабиќ.

Таа посочи дека тоа многу би значело во овие турбулентни времиња и ќе придонесе за поголема безбедност на граѓаните и потсети на иницијативата на претседателот Вучиќ на самитот ОБ за заедничка енергетска политика која би овозможила полесно балансирање на системите и побрзо градење на капацитетите од обновливите извори на енергија.

Абазовиќ ја спомена важноста од вмрежување и гасификација, за што е идеално пристаништето Бар, кое би се поврзало со гасоводот од Албанија, што би претставувало делумна диверзификација и потсети дека Црна Гора има кабел до Италија за увоз и извоз на струја.

Тој оцени дека за Црна Гора е прифатлива иницијативата од Охрид за заедничка изградба на енергетски капацитети кои би овозможиле енергијата да се користи според процентот на сопственост.

-Црна Гора е заинтересирана за секаков вид соработка. Наш интерес е се да правиме со високи еколошки стандарди. Според уставот, ние сме еколошка држава и намерата на Владата на Црна Гора е да го врати зелениот имиџ. Ако тука најдеме заеднички проект и интерес, зошто да не, рече Абазовиќ на прес конференцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2022 15:43