Сезоната на параглајдинг натпревари започна. Во моментов се одржува Nordic Open и во градот се присутни десетици параглајдеристи, информираат од Општина Крушево.

– Сезоната е официјално отворена. Параглајдеристи рекреативци доаѓаат уште од мај месец во Крушево, но, еве, и официјално започнуваат натпреварите. Во текот на летото нè очекуваат „Крушево озон опен”, пред Светското првенство во змајарство и други меѓународни натпревари, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Од Општина Крушево велат дека изминатите години интензивно се работеше на изградба на модерно и безбедно полетувалиште со исполнување на барањата на организаторите на натпреварите, а во моментов се гради објект на самото полетувалиште.

– Догодина нè очекува Светското првенство во змајарство и можеме да кажеме дека инфраструктурно сме подготвени, додаде градоначалникот на Општина Крушево.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2022 15:49