Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека се уште не е време за ново гласање за независноста на Шкотска и дека Велика Британија е посилна како единствена економска единица.

„СО ГОДИНИ СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА СТАВ ДЕКА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ. НАШАТА ЕКОНОМИЈА Е ПОСИЛНА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ФАКТОТ ШТО СМЕ ЗАЕДНО“, РЕЧЕ ЏОНСОН, ПРЕНЕСУВА РОЈТЕРС.

Шкотската премиерка Никола Старџен најави дека втор референдум за независност на Шкотска е планиран за октомври следната година, ветувајќи дека ќе преземе правни мерки за да обезбеди гласање доколку британската влада се обиде да го блокира, пренесува Ројтерс.

Шкотска гласаше против независноста од Велика Британија на референдум во септември 2014 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2022 03:45