Американскиот ар-ен-би пејач Р. Кели е осуден на 30 години затвор за сексуално насилство. Пресудата ја донесе окружната судијка Ен Донели пред Федералниот суд во општината Бруклин во Њујорк, САД.
Овој 55-годишен музичар лани во септември, по пет и пол седмици судење, беше прогласен за виновен. Добитникот на „Греми“ за хитот „I Believe I Can Fly“ го следат контроверзии од првите години од ова илјадалетие.
Тој беше една од најистакнатите познати личности „на тапет“ на движењето против сексуално недолично однесување – „#МеТоо“.
Неколку жени кои сведочеа против Кели за време на судењето, претходно вчера уште еднаш потврдија дека музичарот им ветил менторство и помош при натамошната кариера, по што ги подложил на понижувачко сексуално однесување и физичко насилство. Според некои, злоупотребата имала долгорочно влијание и врз нивното психичко здравје.