Новиот тренер на македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, денеска го одработи првиот ден како предводник на битолскиот клуб.

– По пристигнувањето во Македонија, Валтер одржа работни состаноци со клупските структури, директорот Димитар Митревски, своите помошници, стручниот и медицинскиот тим и го зазеде своето место во клупските простории, соопшти попладнево Еурофарм Пелистер.

Валтер и стручниот тим на битолскиот клуб ги дефинираа етапите од подготвителниот период, кој започнува на 20 јули во Битола.

Претходно, сите ракометари ќе поминат медицински тестови.

Централната фаза „Пелистерци“ ќе ја минат во Маврово од 25 јули.

Валтер и клупското раководство разговарале и за комплетирање на играчкиот кадар за сезоната 2022/23 и во тој правец клубот ќе доведе уште неколку засилувања.

Официјалната промоција на тимот е закажана за 19 јули, кога ќе бидат промовирани и новите лица и новите дресови. Презентацијата на Ларс Валтер како нов тренер на Еурофарм Пелистер е предвидена по првите тренинзи во Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2022 03:21