Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори за повредата по синоќешниот меч против Тејлор Фриц. Шпанецот го победи Американецот во четвртфиналето на Вимблдон со 3:2. По сетови 3:6, 7:5, 3:6, 7:5 и 7:6.

– Не знам како стигнав до победата. Искрено, многу ми се допаѓаат овие натпревари и не знам како да им се заблагодарам на навивачите за таквата поддршка. Тоа беше тежок меч против одличен играч. Тејлор одлично се снаоѓа цела сезона. Мило ми е што се пласирав во полуфиналето. Тоа е се. Во принцип, се чувствувам добро, но нешто не е во ред со стомачните мускули – морам да бидам искрен. Имаше многу моменти кога мислев дека можеби нема да можам да го завршам натпреварот. Но, имаше неверојатна енергија на теренот, истакна надал.

Шпанецот се осврна и на претстојното полуфиналето против Ник Кирјос.

– Се надевам дека ќе бидам подготвен да играм. Ова е првото. Ник игра добро на сите површини, но особено на трева. Ќе биде тежок тест и треба да бидам 100% подготвен за да имам шанса. Ќе се обидам да го направам тоа.

Полуфиналните мечеви на Грен слемот во Лондон во машка конкуренција се закажани за утре. Во другото полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Камерон Нори.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2022 09:23