По 11 години мирување, вклучително и одложувањето поради пандемијата, групата „Рејџ агенст д’машин“ (Rage Against the Machine) свиреше пред повеќе од 30.000 луѓе во Висконсин (САД), во саботата навечер.

Обожавателите го чекаа големото повторно обединување на бендот откако првпат ја објавија оваа турнеја во 2019 година. Првичниот план беше да започне на мало место во Тексас, по претседателските избори во САД во 2020 година. Сепак, во двегодишното одложување на враќањето на сцената, списокот политички фрустрации во САД само се прошири, па групата сега најревносно реаграше на неодамнешната одлука на Врховниот суд за забрана на абортусот…

Рап-рок-метал бендот ќе ја продолжи својата турнеја до април следната година со настапи во 12 земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2022 11:00