Во рамки на „Тирана европска младинска престолнина 2022“, во албанската метропола ќе се одржи концерт „Ѓон Мили џез и блуз фестивал“, на кој ќе настапи и македонската група „Иванов квартет“, објави македонската амбасада.
– Македонската амбасадата во Тирана во соработка со Националниот младински конгрес, организациите „Rias“ и „Youth Music“ и општина Тирана, во рамки на „Тирана европска младинска престолнина 2022“ со задоволство ве поканува на „Ѓон Мили џез и блуз фестивал“ со посебно уметничко учество на неколку групи, стои во објавата.
Освен македонската „Иванов квартет“, чиј настап е на 13 јули, ќе настапат и австриската група „TechRider- гитарско трио на островот Џули“, финската група „Pylkkanen Nu Botega“, грчкиот бенд „Филипос Накас Биг Бенд Солун“, како и „Кејди Барбулуши трио“ „Квартет Ермал Роди“ и „Групата „Just Trio“.
Настан е најавен на 15 и 16 јули да се одржи и во Корча.
Концертите почнуваат во 20 часот, во Тирана кај Реја, Тирана, додека во Корча, кај Педонале.
– Сите сте добредојдени да ни се придружите за да уживате и да ја прославиме магијата на џез и блуз музиката, стои во објавата на организаторот.