Пет македонски и три странски екипи ќе настапат на годинешното јубилејно 50. издание на традиционалниот меѓународен ракометен турнир во Струга од 16 до 22 август.

Македонскиот ракомет ќе биде претставен со првакот Вардар 1961, вицешампионот Еурофарм Пелистер, домаќинот Струга, како и екипите Алкалоид и Бутел.

На турнирот што традиционално се игра на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе настапат и грчки АЕК, словенечки Целје и шампионот на Словачка, Татран Прешов.

Поради пандемијата на коронавирус, ланското издание немаше интернационален карактер, а титулата ја брани Вардар 1961, кој во ланското финале триумфираше над Еурофарм Пелистер.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2022 15:57