На Нетфликс деновиве е објавен документарен филм под наслов „Девојчето на сликата“ (Girl in the Picture), во режија на Американката Скај Боргман. Според некои критичари, ова е можеби „најмрачниот, најморничав и најтежок“ филм од овој жанр во историјата.

Станува збор за грозоморна, но вистинита американска приказна, за девојче по име Сузан (1969 – 1990), кое било со години затворено, но и киднапирано од психопат и педофил – нејзиниот очув. Таа израснала во зрела девојка, но прогонувана од минатото, од коешто, се чини, не можела да избега.

– И, на крајот од документарецот, нема што да се извлече како поука, освен што некои луѓе се одвратни социопати кои ќе прават неискажливи работи за да ги задоволат сопствените умоболни нагони и дека невините честопати не можат да избегаат од замките во кои се наоѓаат, вели Ник Шагер, критичар.

Од издавањето на документарецот, на ИМДБ е оценет од над 5.000 луѓе, со просечна оцена од 7,3 / 10.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2022 13:01