На 30 јули во Античкиот театар во Охрид за првпат заеднички концерт ќе оддржат моментално најактуелните македонски ѕвезди, групата „Некст тајм“ и Влатко Лозаноски – Лозано.

Овој настан за нас е од огромно значење пред се поради тоа што првиот наш фестивал во 2008 како „Некст тајм“, беше токму овде на Антички и ја освоивме публиката која исто така и ден денес е со нас. Заедно со Лозано се појавивме на тој фестивал и некако се зближивме од тогаш. После толку години градејки ги нашите музички кариери ете стигнавме да одржиме за прв пат заеднички концерт, велат Мартин и Стефан Филиповски.

Се надеваме, додаваат, дека публиката ќе ужива во песните од нашиот најнов албум, но сигурно ќе има и изненадувања. Очекуваме публиката да дојде во голем број и заедно да уживаме во една незаборавна вечер исполнета со нашата заедничка уметност.

Антички театар е историски простор каде што секој изведувач од Македонија би сакал да настапува, како еден од најреномираните локалитети за правење концерти воопшто кај нас. Отворената сцена, но и самата историја која што ја крие Дава на тежина и големо значење на секој евент кој што се организира таму. Со големо исчекување го очекуваме концертот и ветуваме заеднички дека ќе направиме одлична музичка претстава на сите присутни. Ги покануваме сите во Охрид и уште еднаш „ова лето ќе се памти” по уште еден одличен концерт заедно со моите пријатели од Некст Тајм, вели Лозано.

Влезниците веќе се во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2022 03:53