Македонскиот ракометен прволигаш Голден Арт ги засили своите редови на голманската позиција за новата сезона со младиот и талентиран Мартин Павличковски со кого потпиша двегодишен договор.

Павличковски кариерата ја почна во Металург под водство на актуелниот тренер на Голден Арт, Никола Матлиевски.

Изминатите две сезони беше дел од сениорската екипа на Аеродром, обезбедувајќи бараж натпревар за влез во Суперлигата.

Павличковски заедно со Златко Даскалоски и Петар Виларов го комплетираат голманското трио на Голден Арт за новата сезона во македонската Суперлига.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2022 11:52