Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија ќе се бори за пласман на петтото место на ЕХФ шампионатот во Варна, Бугарија.
За противник, нашата селекција ќе го има тимот на Украина кој денеска во првиот дуел од разигрувањето за пласман од петто до осмо место славеше против Велика Британија со 26-20.
Натпреварот меѓу Македонија и Украина ќе се игра утре од 12 часот.
Велика Британија и Луксембург ќе играат за седмо место.