Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер својот премиерен натпревар во групната фаза од новата сезона во ракометната Лига Европа ќе го одигра на 27 август на гостински терен против австриски клуб Алпла Хард.
Натпреварот, како што е соопштено денеска, ќе се игра од 19:00 часот во „Шпортхале Ам Зи“ во Хард. Возвратниот натпревар е на 2 септември во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер, предводени од тренерот Ларс Валтер, од денеска се на базични подготовки во Маврово.
Таму „пелистерци“ ќе минат седум дена и напорно ќе тренираат, без пријателски натпревари, соопшти Еурофарм Пелистер.