„Жив срам за Македонија“ вели Моника со ветување дека ќе ги објави сите политичари и нивните понуди во инбокс

Скопјанката Моника Јовановска, која беше дел од српското реално шоу „Задруга 5“ преку својот профил на Инстаграм се закани дека ќе ги објави сите политичари кои ѝ пишуваат пораки и ѝ праќаат разни понуди.

Имено, таа во својата „стори“ објава вели дека ѝ нудат пари, автомобили, дека ѝ праќаат фотографии (најверојатно мисли на интимни) и на крајот им порача дека се срам за Македонија.

Македонката Моника од „Задруга“ се „закани“: Жив срам се пораките во инбокс кои ги добивам од политичари


Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2022 06:01